Леана Таќи: Сега не може никој да ме убеди дека било кој од разговорите е монтиран

Од:

Леана Таќи на својот профил на социјалната мрежа ФБ, напиша статус, по денешната прес конференција на СДСМ, на која беа објавени разговори, за кои Заев рече дека се меѓу министерот за транспорт Миле Јанакиески и премиерот Никола Груевски, а се однесуваат за земјиштето на Водно.

Таа, бидејќи е лично засегната вели дека сега никој не може да ја убеди дека разговорите се монтирани.

Еве што напиша Леана:

„Ете така, дојде на ред мојата омилена бомба – со која еднаш засекогаш ќе им одговорам на СИТЕ на прашањето ЗОШТО ПОЧНАВ ДА СЕ „ЗАМАРАМ” СО ПОЛИТИКА. Во последнава бомба на г. Заев се зборува за мене најболната тема во животот: мојата куќа и ридот зад неа (крајот на улица Питу Гули). Веќе 10 години го имаат земено на пик тој рид и сакаат како и на сите други можни зелени површини кадешто го поминав цело детство – да направат згради. Ќе ни правеле седум метри ѕид они нас, Алооо бре!?!?!?!

Сега веќе никој и ништо на овој свет не може да ме убеди дека било кој од овие разговори е монтиран. Груевски е убедливо НАЈЛОШОТО нешто што и се има случено на Македонијa“. Еве што кажа Заев денеска: „Зошто го поништувал гласањето во општина Центар? Се било за задоволување на мегаломанските афинитети на Никола Груевски.

Не се само четирите стана, метрите квадратни, немало куќа плус што можело да го скраси. Низа скандали беа приредени за двата спорни урбанистички планови-Капиштец- Водно и Панорама, рече Заев.“. Еве го транскриптот од разговорот за потпорниот ѕид:

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Ало?
НГ: Што правиш Миле?
МЈ: Добро, прес ќе имам сега.
НГ: Што имаш?
МЈ: Прес, прес.
НГ: А, прес. На која тема?
МЈ: За ова, за градежново земјиште, на луѓево што му овозможуваме ова со надоврешниве договори, добро е тоа, да го промовираме.
НГ: А супер е тоа, супер, да. Знаеш што ми текна мене. Вчера ова ливчево што ми го покажа ти.
МЈ: Добро.
НГ: Ми викаш пола патот е ваму, пола е таму, така?
МЈ: Грубо, да.
НГ: Па да им го бутнеме таму поише. На нивна територија, мислам на работ кај нив, ама цело кај мене да се гледа.
МЈ: Види, максимално е направено, бидејќи оди по срт некој. После ќе има многу дополнителни работи, од тој аспект. Зошто е баш на сртот на тоа како што е самата топографија, оти после е малку као, као стрмина. И ние го гледавме, максимално да се направи, за да може патот да се направи.
НГ: Добро, добро, тоа не го знаев. Ја мислев дека е рамно, си викам што па на пола?
МЈ: Не, не. Прво беше, ако се сеќавате…
НГ: Тие да беа на наше место на пола ли ќе го стаат?
МЈ:..малку погоре, па го спуштивме ние најдолу што може, за да, оти после е пад голем.
НГ: Мхм. Добро, океј ако е така, океј.
МЈ: Ќе проверам уште еднаш дали може да оди пониско, ама максималното…
НГ: Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.
МЈ: Така да. Ќе проверам уште еднаш.
НГ: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.
МЈ: Така.
НГ: А го израмнуваш горе ти, така?
МЈ: Да, да, да.
НГ: Подигањето, и се израмнува.
МЈ: Уствари така ќе дојде малку патот, ќе имаат тука малку насип. Како и да е, ќе мора да има насип.
НГ: Да. Добро.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски