Јанкулоска додели благодарници на четворица хумани полицајци

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска додели благодарници на четворицата полициски службеници кои во изминатите денови со својата хуманост и пожртвуваност спасија од сигурна смрт две лица.

Во првиот случај полициски службеник спаси девојка која скокајќи од мост во реката Вардар се обиде да се самоубие, додека во вториот тројца припадници на граничната полиција помогнаа да се спаси живот на повредено лице од село Танушевци.

Полицискиот службеник Дритон Беца кој со неговиот колега Зоран Србиновски навреме му укажаа прва помош на повреденото лице од Танушевци и помогнаа да биде транспортирано во болница изјави дека кога од нив била побара помош биле на работните места и се потрудиле максимално да ги преземат сите неопходни мерки.

„Кога го видовме повреденото лице беше облеано со крв. Колегата Србиновски даде прва помош, а јас го возев со нивното возило бидејќи неговиот придружник беше стар и не можеше да управува со возилото. Се пресретнавме со Итната помош кај селото Бродец на кои им се заблагодарувам затоа што реагираа брзо и ефикасно и успеавме да го пренесеме повредениот до болницата 8-ми Септември во Скопје“, изјави Беца.

Овој чекор уште еднаш ја потврдува нашата основна определба и заложба, а тоа е да бидеме вистински сервис на граѓаните, a колегите спасувајќи го лицето практично реагираа во услови кога беа на своето работно место, додека другиот колега воопшто не бил на смена кога го спасил лицето кое се обидувало да изврши самоубиство, изјави министерката Гордана Јанкулоска.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка