Повторно отворен Кашер-супермаркетот по терористичкиот напад во јануари во Париз

Од:

Супермаркетот специјализиран со кашер производи „Хипер Кашер“ кој се наоѓа на Порт де Вансен во Париз, повторно ги отвори вратите за клиентите во присуство на министерот на звнатрешни работи Бернар Казенев, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Два месеци по драмата, нашите мисли се за жртвите и нивните блиски. Со повторното отворање, ние сакаме да потврдиме дека животот ќе биде секогаш посилен од варварството. Ние остануваме како никогаш досега одлучни да им дозволиме на нашите клиенти да продолжат да трошат кашер прозиводи, стои во соопштението на дирекцијата на супермаркетот.

Прв клиент на продавницата беше министерот за внатрешни работи, кој купи шише вино, во таа прилика тој изјави:

-Ја гледаме конфигурацијата на местото, гледаме до која точка беше тешко и ризично да се интервенира“.

Супермаркетот како и сите други продавници кои продаваат кашер производи се ставени под полициска заштита.

Екипата на продавницата е скоро целосно нова, бидејќи сите вработени присутни во моментот на нападот сега се наоѓаат на продолжено боледување.

На 9 јануари џихадистот Амеди Кулибали влегувајќи во супермаркетот уби четири лица, сите припадници на еврејската заедница, држејќи дваесет други во заложеништво, пред да биде убиен од силите на редот. Во текот на трите денови животот го загубија 17 лица, во нападот на Шарли Ебдо, а беа убиени и тројцата терористи.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата