(ВИДЕО) Груевски: Не прифаќаме преодна влада, ниту смена на обвинителот

Од:

Во услови кога сме под сериозен напад ние работиме, а СДСМ се обидува да не претстави како злобни и како некое зло-ама зло што работи по 15 часа на ден да помогне на секој што може.

-Како може креирани телефонски мубати вадени од контекст да дозволиш да имаат директен пренос на три национални телевизии, а да викаш дека немало слобода на говор, рече Груевски на собирот во салата „Борис Трајковски“.

-Јасно е кој е таргетот на оваа канонада. Заев е директно инволвиран во дестабилизација на државата, обработува агенда која не ја разбира. Човекот е во грч, мисли дека е Бог кој ќе каже што е добро, а што е лошо, кого ќе стави на тапет кого не, кај кого ќе исече нешто, а кој кого не. Неговата алчност за пари и власт и очај да покаже пред членовите зошто народот не го бира, немајќи капацитет, во цел овој налет во кој се наоѓа, се чини и како самиот да заборава кој е всушност. Тој брутално ја злоупотребува општината за да стекне пари. Нели нема слобода? Да заборавиме која е Шеќеринска и нејзините соработници кои беа на функции во најмрачните времиња во Македонија? Денес го гледам уплашен до даска од нашиот собир побрзал да објави пак нешто. Тоа е страв дека опаѓа вниманието од неговите теми, и времето го гази. Тој вика дека се бори за слобода и демократија, па во која земја има пример, човек како Заев да си излегува на прес-конференции и да си објавува материјали за кои сам тврдеше дека се од странска разузнавачка служба? Вели дека нема слобода на медиуми, а во пет дена излегува три пати на национални телевизии. Се жали на слобода, а се води хајка против нас во нивните медиуми, овие слободните што се прикажуваат, овие што примаат пари од разни фондации, рече Груевски.

-Откако гледа дена не успева со ова досега, ќе пробаат и со меѓуетничките односи. Колку ќе трае ова, зависи од еден момент, кога ќе одлучиме со нашето внимание овој човек да ја држи во заложништво нашата држава. Порака до СДСМ-нема да дозволам да не закрват. ВМРО тоа нема да го дозволи.

Во името на се она во што верував, нема да дозволиме да не закрват и да не испровицираат. Една од целите е и да се замрзнат инвестициите, вработувањата, ама тоа нема да го дозволиме, рече Груевски.

Заев бара нов обвинител-за нас е важно обвинителот да се однесува по словото на законот, убеден сум дека тоа сега го прави. Од друга страна сме подготвени, да бидеме максимално кооперативни и да го почитуваме законот. Ќе паднат пердувите и ќе се види целата вистина.

-Сакам да порачам дека барањето е можно и остварливо за преодна влада, но без ВМРО-ДПМНЕ во неа. Ние сме сметале и секогаш ќе сметаме на народот, тој дава мандат и легитимитет на избори. Со тоа барање се отвора простор за преседан и да дојде до конфликт помеѓу партиите. Нашиот став е објавен во нашата програма-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифати промена на националниот идентитет, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на името без референдум. Како сето ова ќе заврши? Со правна постапка согласно законите во Македонија.

Правна постапка во која за секој што има докази дека го прекршил законот во која совесно и самостојно ќе се одлучува.

-Ние сакаме и можеме да дискутираме со опозицијата за прашањата кои се во интерес на храѓаните, но услови и условувања нема да прифатиме. Многумина од вас го поставуваат прашањето дали е ова праведно што и се случува на нашата земја? Да се бориме со конкретни дела и чекори кои ќе значат подобри услови за Македонија. Да одиме од дом во дом, од семејство во семејство, да им ја кажуваме целта за која се бориме, рече Груевски. Станете на нозе, не чека поход, од град во град, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески