Една четвртина од Французите се задоволни од работата на претседателот Франсоа Оланд

Од:

Иако е доста ниска, популарноста на францускиот претседател Франсоа Оланд, останува на истото ниво – 25 отсто задоволни од неговата работа, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според анкета за неделникот Журнал ди Диманш, францускиот претседател и неговиот премиер, глобално не ги загубија симпатииите стекнати по терористичките напади на почетокот на јануари.

Според Фредерик Даби, генералниот директор на Ифоп, Французите ја поздравуваат „одлучноста“, „ладнокрвноста и „грижата да го зачуваат единството на нацијата“ на претседателот Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс.

Имено, 25 отсто од испитаните Французи изјавиле дека се „задоволни“ од работата на шефот на државата, додека 75 отсто го одговориле спротивното. Од работата на премиерот се задоволни 45 отсто од Французите.

Сепак, ако се споредува тандемот Оланд-Валс со тандемот Никола Саркози и Франсоа Фијон од 2011 година, посебно една недела пред департманските избори, тогаш популарноста на Саркози беше 29 отсто, додека на премиерот 48 отсто. Тоа беа катастрофални избори за десницата, како што се најавуваат и иднонеделните избори за социјалистите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата