Куманово поуспешен од Работнички

Од:

Куманово го совлада Работнички со 94:88 и се изедначи со тимот од „Градски парк“ по бројот на освоените бодови по одигрувањето на нивниот дуел од 17.коло во Првата кошаркарска лига.

Урош Луковиќ и Вукашин Мандиќ со дабл-дабл учиноци беа носители на синоќешната победа на Кумановци со искомбинирани 49 поени и 22 скока.

Кај Работнички, свој шутерски ден имаше Димитар Мираковски кој погоди 8 тројки од 10 обиди, завршувајќи го мечот со 33 поени.

Претходно, во првиот натпревар од овој круг Фени Индустри – Водњански Лисици 108:68.

На врвот на табелата МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Фени и Куманово имаат по 25 бода, со напомена дека МЗТ има и натпревар помалку од останатите.

Утре се игра натпревар помеѓу Кожув и Струмица, а последниот меч од колото е предвиден да се игра на 26 март, кога ќе се сретнат Карпош Соколи и МЗТ Скопје.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос