Дизниленд Париз не им дава попуст на француските војници кои го чуваат

Од:

Дизниленд Париз не им дава попуст на француските војници кога не се на служба да го посетат најпосетениот забавен парк во Европа, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Како што пишува денешното издание на „Паризиен/Ожурдуи“, еден од раководителите на паркот, кој сакал да остане анонимен, му назначил на претставник на француската држава, дека на повеќе пати било побарано да им се даде повластена тарифа за француските војници. Во таа прилика, тој потсетил дека забавниот парк немал „посебен договор“ со државната администрација, за војниците кои се наоѓаат во Париз и парискиот регион и кои се дел од антитерростичкиот план „Вижипират“.

Претставникот на „Дизниленд Париз“ изјавил за весникот дека во тек се разговори за попуст притоа заблагодарувајќи за „обезбедувањето“ на паркот, кое се смета за едно од најчуствителните места.

– Изгледа дека е подобро да се биде пензионер или припадник на комитет на претпријатие за да се добие попуст во Дизниленд, наместо да се биде во задача на антитерористичко обезбедување, вели за весникот претставник на државата кој попусто се обидува да добие попуст. Дирекцијата на Еуро Дизни не беше во можност да одговори веднаш.

Од своја страна службите на воениот гувернер на Париз, не сакаа да коментираат. Армијата е во контак со раководството на паркот бидејќи војниците се распоредени околу паркот за да ја гарантираат неговата безбедност.

Паркот Дизниленд Париз во парискиот регион со своите милиони посетители годишно е еден од најобезбедуваните објекти во парискиот регион.

Во планот Вижипират покрај полициските сили се вклучени уште 10.000 припадници на армијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата