Боко Харам веќе не е во состојба да заземе град во Нигер, изјави денеска министерот за државна управа Мохамед Базум по покренување регионална иницијатива во борбата против таа исламистичка група.
– Ситуацијата е целосно под контрола. Веќе не постои никаква можност Боко Харам да заземе град, изјави Базум за време на посетата на Брегот на Слоновата Коска.
Неколку илјади војници од Нигер и Чад покренаа голема копнена и воздушна офанзива против Боко Харам минатата недела и успеаја да заземат нигерискиот град Дамасак. Офанзивата следуваше откако Африканската унија поддржа формирање регионални воени сили, до 10.000 припадници кои ќе учествуваат во борбата против исламмистичката група. Боко Харам зазеде десетици градови и села на североисток во Нигерија во изминатите осум месеци.