Младите на Демократски сојуз избраа ново раководство

Од:

Денеска Демократски сојуз на младите, го одржа петтото Изборно собрание на кое за претседател е избран Миодраг Димов (правник) за потпретседатели: Александар Илиевски (филолог) и Јово Батковски (м-р по право), а за секретар Елена Денковска.

Досегашниот претседател на ДСМ, м-р Даниел Ефтимов, во својот извештај за досегашните активности, порача: Во младите е иднината. Младите на Демократскиот сојуз како подмладок на партијата сметаат дека на македонската држава и се потребни млади луѓе кои ќе бидат ГЛАСОТ и ЛИКОТ на Македонија.

На собранието имаше и свое обраќање Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, кој зборуваше за актуелната политичка состојба и нагласи: “Наместо натамошни конфронтации и поделби, повикувам на разумно однесување и политички дијалог за излез од длабоката политичка криза, која има негативен одраз врз стабилноста, економскиот развој и владеење на правото”.

Трајанов смета дека кризата не може да се реши со протести, митинзи и со манипулативна медиумска кампања, туку со искрен пристап, сплотеност, единство и водење сметка за националните и државните интереси, повикувајќи да се престане со ширењето на омраза и меѓусебни навреди.

Трајанов најави дека во текот на наредната недела ќе го промовира “Проектот за Македонија да биде една изборна единица”, оценувајќи дека тоа е модел кој ќе обезбеди фер и демократски избори ,а изборните резултати ќе бидат реален одраз на работата на граѓаните.

Во работата на Собранието учествуваа над 120 делегати, при што во дискусијата беше нагласена определбата и потребата, да се создаваат услови за младите, креативни и стручни кадри да останат во Македонија .

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски