Спречен обид за шверц на 14,7 килограми марихуана

Од:

Царинските службеници вчера спречија обид за шверц на 14,7 килограми марихуана преку граничниот премин Табановце – автопат.

Марихуаната е пронајдена при контрола на патничко моторно возило со германски регистерски ознаки управувано од германски државјанин, пријавено за излез од Македонија на ГП „Табановце“. Германскиот државјанин рекол дека нема ништо за пријавување, но цариниците одлучиле да се изврши контрола на возилото првично со царински пес кој дал индикации за присуство на наркотични средства а потоа детален преглед. Во повеќе фабрички делови од возилото (над предното десно тркало, во наслонот на возачкото и совозачкото седиште, во задниот лев и десен дел на багажникот и во десниот дел на предниот браник) пронајдени се 15 пакувања наполнети со марихуана, облепени со кафеава селотејп трака со вкупна тежина од околу 14,680 килограми.

Царинската управа поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Куманово, а осомничениот е изнесен пред судија на претходна постапка. Осомничениот ја набавил марихуаната во Западна Македонија и имал намера да ја пренесе во западно-европските земји.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он