Кривична пријава за скопјанец за кражба на накит

Од:

Дваесет и шест годишниот К.Д. (26) од Скопје доби кривична пријава поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари. Судот му изрекол мерка – одземена патна исправа и јавување во суд.

Кривичното дело, како што соопшти МВР, пријавениот заедно со уште едно непознато машко лице чиј идентитет осомничениот не го открива го извршиле на 8 овој месец во село Сопиште.

– Откако предходно со патничко моторно возило „Форд фиеста“ дошле во село Сопиште и возилото го оставиле отклучено со клуч на бравата за стартување, се упатиле кон куќата која што била цел на кривичното дело. Откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, со помош на подесен предмет и физичка сила делувале на влезната балконска врата од дневната соба на куќата при што влегле внатре. Во куќата направиле пребарување во просториите од приземниот дел од каде не одзеле ништо, а потоа по внатрешните скали се качиле на горниот кат каде направиле претурање во спалната соба од каде одзеле златен накит и ја напуштиле куќата, информира полицијата.

Пред да го извршат кривичното дело, како што е наведено, сторителите биле забележани од сосед на оштетените, кој седел во својата гаража од спротивната страна на улицата и пријавил во полиција. По кратко време крадците излегле од куќата, а во меѓувреме пристигнале полициски службеници од единицата „Алфа“ и во намерата да ги легитимираат двете лица се дале во бегство. При бегањето украдениот накит го фрлиле во нива.

По кратко време пријавениот К.Д. бил фатен, а второто лице побегнало. Полициски службеници го пронашле накитот и му го вратиле на сопственикот. Врз основа на добиена наредба бил извршен претрес во домот на К.Д. во село Волково каде биле пронајдени предмети за кои дополнително ќе се утврдува дали потекнуваат од други кривични дела.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он