Две лица се здобиле со тешки рани откако биле нападнати од маж на една од станиците во подземната железница на француската престолнина Париз, пренесува Макфакс.
„Имаше напад, две лица се здобија со тешки повреди. Напаѓачот е уапсен од страна на полицијата“, изјавиле припадниците на париската полиција кои работат на местото на нападот. Тие не прецизирале со што бил вооружен напаѓачот.
Инцидентот се случи во раните претпладневни часови во саботата на метрото Вијерс во XVII арондисман во Париз.
Во моментов, композициите од 3-та линија на париското метро продолжуваат со вообичаениот возен ред, но не запираат на станицата на којашто се случи нападот. Таму се’ уште работат припадниците на истражните органи.