Попоски се сретна со Ердоган и се обрати во Дирекцијата на Турците во странство

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во рамки на официјалната посета на Турција беше примен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и имаше обраќање во Дирекцијата на Турците во странство.

Во обраќањето, соопшти МНР, Попоски истакна дека пријателството меѓу двете земји се потврдува преку интензивните билатерални односи, но истовремено и преку личниот контакт на граѓаните на двете земји и нивниот интерес за негување на традициите, меѓусебно запознавање и соработка. Во тој контекст, ги спомена контактите и иницијативите на македонското иселеништво во Турција и турската заедница во Македонија, кои претставуваат цврст мост за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

На настанот присуствуваа официјални претставници на Република Турција, дипломатскиот кор, претставници на студенти од Република Македонија кои студираат во Република Турција, претставници на здруженија на македонски иселеници, турски бизнисмени и организации кои соработуваат со Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија