Обвинителството покани експерти од ЕУ за актуелните предмети

Од:

Јавното обвинителство на Република Македонија покани меѓународни експерти кои би биле во тек со работата на обвинителите во врска со актуелните предмети.

Јавното обвинителство има капацитет да се справи со сите предмети, но во насока на нашата транспарентност, како и со цел оневозможување на шпекулациите за работењето на јавните обвинители во предметите поврзани со актуелните случувања, Јавното обвинителство на Република Македонија достави официјална покана до органите на Европската Унија за испраќање на меѓународни експерти кои би биле во тек со работата на јавните обвинители по актуелните предмети, стои во соопштението од Обвинителството.

Ваквата одлука, како што се наведува, е одраз на цврстиот став дека јавните обвинители доследно постапуваат согласно законите и дека јавноста нема причина за сомневање за нивното постапување.

Овозможувањето меѓународни експерти да бидат во тек со работата по предметите е само поради целосна транспарентност при работењето и отстранување на евентуалните сомнежи во објективноста на нашето постапување. Воедно веруваме дека ќе придонесеме кон градење на довербата во независното и самостојно постапување на јавното обвинителство, се вели во соопштението.

Јавното обвинителство, посочуваат оттаму, е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела. Јавните обвинители функцијата ја вршат законито, непристрасно и објективно. Во рамки на своите надлежности, а во име на општеството се грижат за ефикасност на кривичноправниот систем.

Во своето постапување јавното обвинителство доследно ги почитува законите на Република Македонија, ги почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти инволвирани во постапките. Ценејќи дека отвореноста во постапувањето е фундамент на демократијата, јавното обвинителство посветува должно внимание на транспарентноста. При тоа континуирано обезбедува информации за текот на предметите во фазите на постапувањето кога со откривање на информациите не може да се наруши натамошниот тек на кривичната постапката, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски