Руските астронаути на Меѓународната вселенска станица (ISS) коишто се вратија на Земјата во четвртокот, од Вселената го фотографирале истокот на Украина, изјави директорот за летови на рускиот сектор од ISS, Владимир Соловев укажувајќи дека исти снимки правеле и американските и европските астринаути, пренесе Макфакс.
„Тука нема никаква тајна, ние активно работевме на Донбас, на Донецк. Направивме снимки по барање на сириската страна“, изјавил Соловев без да изнесува поединости.
Меѓутоа, истакнал дека истите области ги снимале и американските и европските астронаути коишто во четвртокот безбедно атерираа на космодромот во Казахстан. Последниот екипаж кој се врати на Земјата го сочинуваа Елена Серова и Александар Самокутјаев од руски Роскосмос и Бари Вилмор од американска NASA.
„Го фотографираа аеродромот крај Донецк и неколку ’жешки точки’ на Земјата“, појасни Соловев на прес-конфњеренцијата.
„Многу работевме над Донбас и над Донецк“, додаде не наведувајќи во што точно се состоела „далечинската детекција“ уверувајќи дека станува збор за „вообичаена практика којашто ја изведуваат и странските колеги“.