На имотот Симбити Еко во Јужна Африка е изградена куќа од соништата наречена „Албизија“, која е прилагодена на специфичната топографија на теренот на кој се наоѓа, а воедно ги следи и барањата на нејзините сопственици.
Оваа модерна куќа сместена на падините на еден рид се карактеризира со едноставност и со висок степен на префинетост. Од неа се пружа поглед кон пошумените предели, а големиот број прозорци и стаклени ѕидови овозможуваат динамична атмосфера во нејзината внатрешност, како преку ден, така и во текот на ноќта.
Главен дополнителен елемент во куќата е водата, која ја има на самиот влез и во големиот базен во градината, чиј еден ѕид е од стакло, со што го прави визуелно поврзан со домашното подземно кино.
Со употреба на неутрални материјали, како дрвени паравани, бродски под, тули, бетон и камени елементи, до израз доаѓаат стаклените делови кои ја надополнуваат колекцијата на линии и на вилата и даваат специфичен изглед.