Бранко Ушковски – без ден искуство во судовите е нов претседател на РСС

Од:

За претседател на Судскиот совет е избран Бранко Ушковски, поранешен правник, вработен во Центарот за управување со кризи. Тој доаѓа на местото на Александра Зафировска која 4 години, во два мандати го водеше Советот.

Бранко Ушковски е единствен член на Советот од редот на кандидатите Македонци кој никогаш не бил судија, а беше предложен од Влатко Самарџиски, член на Советот и судија на скопска апелација.

Бранко Ушковски кога беше избран за член на Републичкиот судски совет, крена голема прашина во политичките кругови. Опозицијата тогаш обвини за партизација на судството,

„Со ова се прави класичен упад во судството. ВМРО-ДПМНЕ испрати порака дека не сака да се тргне од судството и дека не сака реформи“, изјави тогаш Цветанка Иванова, од СДСМ.

Бранко Ушковски, човек со четири реда биографија и без еден ден искуство во судовите, рече опозицијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ