Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја постигнаа и втората победа по ред во ТОП 16 фазата од Евролигата, вкупно трета, откако синоќа на гостувањето убедливо со 91:68 го победија Галатасарај.
Сепак и двата тима се далеку од пласманот во четвртфиналето.
Во дресот на Галатасарај настапи и македонскиот кошаркар Кристијан Николов, кој настапува со турски пасош. Тој натпреварот го заврши со шест поени, четири скокови и две асистенции. Најефикасен на дуелот беше играчот на Црвена Ѕвезда Јака Блажич со 19 поени.
Пласман во четвртфиналето има обезбедено Реал Мадрид.
Двојки и резултати од 10.коло: Галатасарај – Црвена Ѕвезда 68:91, Барселона – Макаби 89:71, Реал Мадрид – Алба 93:62 и Жалгирис – Панатинаикос играат вечерва (Е група), Нижни Новгород – Лаборал 89:85, ЦСКА Москва – Анадолу Ефес, Емпорио Армани – Малага и Олимпијакос – Фенербахче (Ф група) играат вечерва.
Табела Е група: Реал Мадрид 9-1 (победи-порази), Барселона 7-3, Макаби 6-4, Панатинаикос 5-4, Алба 4-6, Жалгирис 3-6, Црвена Ѕвезда 3-7, Галатасарај 2-8.
Табела Ф група: Олимпијакос 8-1, Фенербахче 7-2, ЦСКА 7-2, Анадолу Ефес 4-5, Лаборал 4-6, Нижни Новгород 3-7, Уникаха 2-7, Емпорио Армани 2-7.