(ВИДЕО) Жерновски: Капа доле за советниците кои не потклекнаа на уцените на Груевски

Од:

Како што објави на денешната прес конференција, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, власта не бирала средства да ги добие изборите во Центар, а потоа и да купи советници од опозицискиот блок за да може да го добие мнозинството во советот.

На еден од советниците, објави, понудени му се пари за да плати легализација за имотот и тоа 230 илјади евра, тој советник е Никола Ѓеоргиевски од партијата на Никола Оровчанец, Нова Алтернатива.

Сакам да му честитам на Ѓеоргиевски, кој е симбол на отпорот и му се заблагодарувам што издржа и не потклекна. Има и други советници кои биле притискани и капата доле на сите нив. Сега не гледаме назад туку напред, оваа одлучност не носи во нови времиња, ниту една влада не може да ги победи граѓаните“, рече Жерновски.

Ова според него, покажува дека Груевски нема легитимитет да ја води државата и затоа Жерновски побара оставки од Груевски, Зврлевски и раководниот тим на МРТ и формирање на преодна влада.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски