(ВИДЕО) Жерновски: Јанакиески се заканува дека ќе пресели зграда кај Бристол зошто гласале за СДСМ

Од:

На прес конференција градооначалникот на Центар, Андреј Жерновски објави разговори за кои вели дека се меѓу Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, заменик министерот за правда, премиерот Никола Груевски и соговорник.

Во разговорите вели Жерновски, се слушало што правел Груевски и како нарачувал неважечки ливчиња,како јанакиески се заканува дека ќе пресели и цела зграда кај Бристол бидејќи гласала за СДСМ.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Сашо Мијалков

МЈ: Сашо?
СМ: Кажи Миле сега еве тука сум со шефот.
МЈ: На обработени 39 гласачки места.
СМ: Да, колку е тоа посто?
МЈ: Сега ќе ти кажам, 42,4.
СМ: Добро.
МЈ: Ние имаме 7.178, тие имаат 7.391. Значи 120 разлика.
СМ: За нив?
МЈ: Да. 220 извини те лажам.
СМ: 220 за нив?
МЈ: Да. На 42 посто обработени.
СМ: Не ваљда дека ќе изгубиме за два-триста гласа бе п..у материну?
МЈ: Втор круг Сашо. Како што ти реков втор круг ќе има. Претпоставувам дека така ќе биде, илјада и нешто неважечки ливчиња ќе има.
СМ: Ако се докопаме ние до втор круг ќе го пребеме во втор круг. Него, да се докопаме само до втор круг.
МЈ: Море ќе ја преселам онаа зградана што е кај Бристол, мамата ќе им ја е..м.
СМ: А?
МЈ: Цела зграда ќе ја преместам, ќе ги затворам да не излегуваат тие од Бристол.
СМ: Викаш тие?
МЈ: Многу таму разлика ни направија у п…у матер.
СМ: Колку?
МЈ: Ај појди кај Бристол зградите, двете избирачки места, 2852…..190 разлика.


Разговор помеѓу Билјана Бришковска и Миле Јанакиески

НН: Ало
ББ: Значи, вака сега. Претседател во Центар е еден морон што работи во Генерален секретаријат. Значи, работи во Генерален секретаријат во одделението на Суле. Така да, може него да го притиснеме и фактички од избирачкиот материјал да го извади избирачкиот список, кадешто е заокружувано кој гласал, кој не гласал, да си го фотокопираме па да му го вратиме назад.
МЈ: Кај работи тој?
ББ: Во Генерален секретаријат. Сега ќе ти…
МЈ: Како се вика?
ББ: Па Коста се вика. Презимето не му го знам точно, меѓутоа работи кај Кире, а шеф му е, мислам овој Суле.
МЈ: Суле?
ББ: Да, Суле бе Суле, Суле.
МЈ: Ај ке зборам.
ББ: Ајде.

Разговор на Миле Јанакиески и соговорник

МЈ: Ирена?
ИМ: Да.
МЈ: Значи те молам, кај сите учителки завртете, кол центарот,
ИМ: Добро
МЈ: Со следнава насока, ви благодариме што излеговте на гласање.
ИМ: Слушам, слушам
МЈ: Ве молиме за конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Центар да обезбедите уште еден глас за ВМРО-ДПМНЕ.
ИМ: Ок. Ок, сега, ај чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Ало
НГ: Миле, како е?
МЈ: Капиштец има две избирачки места, водиме. Вака сега, на 23 избирачки места обработени.
НГ: Да.
МЈ: А, необработени 43, водиме за 140. Мешано. Значи, само тие кај што… По мое, ќе биде плус минус 600 гласа и можно е да има втор круг оти во просек, општина Центар имала неважечки ливчиња, околу 1.000-1.500…
НГ: Аха, аха. Значи, да ни беа овие преспанциве, ќе завршевме работа?
МЈ: Да.
НГ: Е да. Ок Миле, ајде. Јавувај ти од време на време, каков е резултатот.
МЈ: Важи, важи.
НГ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Никола Груевски

НГ: Да
МЈ: 51 избирачко место обработено.. губиме за 580 разлика
НГ: Што мислиш ќе има втор круг?
МЈ: Сега ги собирам претседателе неважечкиве. Има доста неважечки секогаш биле над илјада ако продолжиме ваков тренд мислам дека втор круг ќе одиме..
НГ: Е колку има доста? Колку е тоа доста?
МЈ: Меѓу 1.000-1.500 имало по избориве, а има сега во просек по 20 по 30 по избирачко место, така да треба да има околу 700 800 неважечки.. тука ќе биде бројката.
НГ: А колку ни требаат на нас за да има втор круг?
МЈ: Разликата што ќе биди помеѓу СДСМ и ВМРО треба да биди пониска од неважечките
НГ: Ама еве го слушам Сашо он некоја процека праи дека над 1.000 ќе не тепаат у Центар.. могуче ли е тоа?
МЈ: Водно ги изброиле Коце (ама со премиерот зборам), Коце во двете има победено во Водно а тие се големи, 140 таму Коце победил..
НГ: А нашиов овој?
МЈ: Епа сеа го бројат Тодоровиќ, прво Коце го зеле, Советот за Град Скопје и Коце..
НГ: Ама не е истото, не е истото
МЈ: Знам
НГ: Да
МЈ: Тукаа ќе биде, 100 плус минус…
НГ: Знае бе Миле тоа, да пуштиш таму на нашиве што поише неважечки да праат…. ало
МЈ: Да да ве слушам..
НГ: Викам да си пуштел, Сашо вика абер до нашиве таму кај шо може да искрснат неважечки да …
МЈ: Кажано му е, кажано му е, од сабајле му е кажано…
НГ: И записници тие работи за после да може да..
МЈ: Да да има забелешки..
НГ: Да се судиме…
МЈ: Да
НГ: Ајде

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски