Незадоволни корисници со петиција против Фејсбук поради „feeling fat“

Од:

Дебелината не е чувство“, е мотото под кое група незадовлни корисници на Фејсбук на страницата Change.org покренаа петиција со која бараат оваа социјална мрежа да ја отстрани можноста за поставување на симболот за изразување на расположение – „feeling fat“.

Имено, ба Фејсбук има разни емотикони со кои може да се изразат разни емоции и состојби, од среќа, тага, замор, возбуда…, па така се појави и емотикон „се чувствувам дебело“.

Меѓутоа, на некои тоа очигледно не им се допадна па ја покренаа петицијата, а Фејсбук барем во овој случај го следеше старото правило дека „корисникот е секогаш во право“.

– Нашите корисници испратија порака дека оваа опција би можела да придонесе за создавање на негативна слика за вашето тело, особено кај луѓето кои страдааат од нарушување во исхраната. Затоа решивме да го отстраниме ова „чувство“ од списокот на опции. Ние ќе продолжиме да ги слушаме вашите реакции и разгледуваме на кои начини можете да се изразите на Фејсбук, порача компанијата во своето обраќање до јавноста по повод овој „многу важен проблем“.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он