Во 14 часот ќе биде објавена 9. бомба на опозицијата. Овој пат тоа е „Вистината за изборите во Центар“.
Прес конференцијата ќе се одржи во хотелот „Бест Вестерн“, а ќе говори градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, кој дури по три прегласувања беше избран за градоначалник на Центар
До сега беа објавени снимки од кои, вели СДСМ, се гледа договарање и спроведување на изборен фалсификат, поткуп и заплашување на избирачи, злоупотреба на институциите и компаниите за партиски цели, уништување на објекти на неистомисленици, одлучување за човечки судбини според партиски аршин.