Овој безвременски модел на радио го носи називот „Revival Mini“, а производител е „Roberts Radio“.
За овој апарат може да се каже дека е нешто најсиматичното од асортиманот на радио апарати што досега сме ги виделе. Сепак, не дозволувајте неговиот старомоден изглед да ве излаже – тоа е опремено со модерна технологија како што е стерео сокет за поврзување со iPad или MP3 плеер, а тука е и влезот за модерни слушалки.
Неговиот дизајн кој е очигледно инспириран од 50-те години на минатиот век има златни детали, ремен за носење и ротациска контрола.
Неговите димензии се 145мм х 180 мм х 145 мм, а тежок околу 1,1 кг, што значи дека е совршен за отворен или затворен простор.
Вградената полнива батерија е идеална погодност, бидејќи поради тоа можете да го носите со себе на плажа, пикник…