Средба на Кипријановска со Бруно Макаеш

Од:

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска денеска се сретна со Бруно Макаеш, државен секретар за европски работи во Министерството за надворешни работи на Португалската Република.

На средбата, како што соопшти МНР, е констатирана заемна подготвеност за динамизирање на билатералните односи и продлабочување на меѓувладината соработка во повеќе сегменти од практичен интерес за двете страни. – Стимулирањето на обемот на инвестициите и зајакнувањето на севкупната економска и трговска соработка ќе останат во фокусот на активностите за натамошно унапредување на македонско – португалските партнерски односи, се наведува во соопштението.

Заменик министерот Кипријановска се задржа на надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, посебно процесите кои се директно поврзани со постигнување на нашите стратегиски определби за што поскоро интегрирање во Европската Унија и НАТО. Изрази благодарност за досегашната, како и очекувањето за натамошна, засилена поддршка од Португалија

Државниот секретар Макаеш повтори дека, за Португалската Република, примарен интерес е гарантирање на стабилноста на Балканот и целосно интегрирање на регионот во Унијата.

На средбата беа разменети мислења и за други теми, како што се соработката меѓу двете земји на мултилатерален план, односите на Македонија со соседите, актуелните состојби во нашиот Регион, како и за прашања од меѓународно – безбедносен карактер.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза