Мнозинството во македонското собрание и даде поддршка на владата. 68 пратеници беа против иницијативата за недоверба на владата на Груевски. За иницијативата за недоверба на владата гласаа 42 пратеници, со што владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ останува на власт.
СДСМ кога го поднесуваше барањето за доверба на владата кажа дека целта е да се покаже дека кризата меѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е фингирана и дека коалицијата одлично функционира.