(ВИДЕО) Груевски: Каде е сценариото во сето ова?

Од:

Во обраќањето пред пратениците по иницијативата за доверба на владата премиерот Никола Груевски ја отфрли тезата на опозицијата дека има сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за фингирана криза.

Груевски рече дека него фингирана криза го потсетува на „гостиварските настани, на Агим Красниќи кога го држел Скопје во заложништво, на земените 8 проценти на пензионерите, на убиството на Диме Поштарот, на шверцот со нафта“.

„Настанот во Слупчане беше неприфатлив и го повикав министерот и му го кажав тоа директно. Промените на таблите по насилен пат е акт на провокација, за таа цел министерството за образование поведе судска постапка за овој случај Апелирам сите да ја разберат одговорноста, би апелирал наместо за табли, да се ангажираат за условите во кои тие деца учат, тоа ќе им помогне на учениците“, рече Груевски.

„Интонирањето на албанската химна на почетокот на училишната година може да се смета за провокација, не смее да се употребува таква химна во услови на сензитивна јавност на вакви теми“, се обрати Груевски.

„Во што гледате сценарио? Не сакам да се случуваат работи со кои не се согласувам, не планирам да бидам премиер на влада по секоја цена, да правам компромис, а да не барам решенија, и каде е сценариото во сето ова“, праша премиерот.

Груевски кажа дека е за законот за бранители и дека е против закон за борците на ОНА.

Би можело да ве интересира

Не помина интерпелацијата за Африм Гаши

Интерпелацијата е чисто политички мотивирана и самиот текст е преполн со исламофобијата и албанофобија, тврди Гаши

Интерпелацијата на собранискиот спикер денеска на пленарна седница

Горан Наумовски

Гаши: Интерпелацијата против мене не е политички издржана, ќе биде прва на дневен ред

„Јовески мора да одговори зошто ги криел фактите за модуларната болница“: Поднесена интерпелација за Јавниот обвинител

A1on

Џафери: Извини брат, јас ќе поднесам лични навреди, но да се погледнат во огледало и оние што ме обвинуваат

A1on