Шведска ќе додели 175 милиони помош за Украина до 2020 година

Од:

Шведска ќе додели 175 милиони долари за Украина до 2020 година објави на „Твитер“ денеска прес секретарот на украинскиот претседател Петро Порошенко, Светослав Цеголко, пренесува ТАСС.

Договорот за заем е постигнат денеска на средба меѓу Порошенко и шведскиот премиер Стефан Ловен.

– Шведска донесе одлука за доделување на Украина заем од 100 милиони долари, каматите на заемот ќе ги преземе шведската влада, изјави Порошенко.

Кредитот ќе биде обврзан со новиот пакет помош од ММФ, за кој денеска треба да биде донесена одлука. На тој начин условот за добивање на шведскиот заем е спроведување на реформи во Украина. Шведска досега има давано слични субвенцирани заеми на Литванија, Исланд и Ирска.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он