„Денеска и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја продаваат истата приказна дека имаат само несогласувања околу една ситна работа, законот за бранители“ рече Шеќеринска која ги набројуваше настаните во Склупчане, во училиштата, со албанската химна, Калето, Арачиново, Викиликс.
„Кога се случи гестот на Бесими, мегафоните на ВМРО-ДПМНЕ фрлија дрва и камења кон министерот но од тогаш 1296 часа минаа во кои овој премиер можеше да го сврти телефонот и да побара оставка, но тоа не го стори“, рече Шеќеринска.
Во врска со извештајот за напредокот за влез во ЕУ, Шеќеринска рече дека нè очекува „доволен – два“ извештај.
За реплика се јави министерката Гордана Јанкуловска која рече дека Шеќеринска половично ги спомнува настаните.
„Кале е завршена приказна пред суд, виновниците се изведени пред лицето на правдата, споменување на МВР со Кале е беспредметно. Вие сте политичар кој најкатострофално изгубив на избори. Спомнавте пукање за Арачиново, знаете ли каде е Арачиново, вас како да ви е криво што во Арачиново подобро се живее“, рече Јанкуловска.
Шеќеринска реплицираше:
„Ако добро се сеќавам во 2001. вие со стипендија од Груевски ја напуштивте државата, не ни делите лекции, полицијата се врати во Арачиново после конфликтот што вие го направивте. Викавте дека секој што ќе се поздрави со Ахмети е предавник, ама почнавте да се гушкате со него“, рече Шеќеринска.
Контра Шеќеринска се јави и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ :
„Сигурен сум дека сме на вистинскиот пат зашто оние што не не сакат и кои се негатори на Македонија сакаат Никола Груевски да падне, тие кои што не се склони кон државноста на Македонија сакааат Никола Груевски да не е премиер заради тоа ќе гласаме за Никола Груевски.
Спомнавте Викиликс, дали во Викиликс пишува дека Бранко Црвенковски е склон на алкохол, дека е сплеткарош? Вие спомнавте дека Груевски е непопустлив, значи ве молам дали Викиликс вели дека Бранко Црвенковски е склон кон алкохол“?
Шеќеринска одговори дека се е јасно
„Јас кажав за Груевски дека тој е спремен се да им даде на ОНА само да не го кажат јавно. И тоа ли е чесен однос, партија која сто пати ќе спомне чесност и сто пати ќе излаже.
Шеќеринска кажа дека ќе се види дека политиката на Груевски некој ја платил во Атина, за Македонија да стигне каде што е сега и да заостане на патот кон ЕУ.