Суспендиран водителот на „Топ Геар“ Џереми Кларксон

Од:

Раководството на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си го суспендира популарниот водител на телевизиската програма за автомобилизам „Топ Геар“, Џереми Кларксон, откако натепал еден од продуцентите на компанијата.

Инцидентот се случил минатата недела во текот на снимањето на последните три епизоди од оваа гледана серија во Велика Британија, но и низ светот. Инцидентот беше откриен кога Би-Би-Си во последен момент ја повлече од својата програма епизодата што требаше да се прикаже во неделата.

Засега нема детали за тоа што всушност се случило, освен дека 54-годишниот Кларксон го удрил  продуцентот со тупаница по лицето, но не е познато што било причината за ваквата реакција на водителот.

Би-Би-Си одлучи да не ги прикаже ниту другите две последни епизоди, затоа што на нив како еден од водителите се појавува и сега суспендираниот Кларксон.

Зборлестиот водител овојпат одби да ги коментира случувањата кои доведоа до неговата суспензија, но на Твитер се шегувал околу тоа кој филм би можел да биде прикажан на Би-Би-Си во терминот кога се прикажуваат епизодите од серијата „Топ Геар“.

Во мај минатата година, Кларксон доби „последна опомена“ од раководството на Би-Би-Си, откако беше обвинет за користење „расистички јазик“ при снимањето на една епизода во Мјанмар и по гневните приговори од тамшните учесници во снимањето. Тој јавно се извини, а целата епизода беше премонтирана.

Преставник на Би-Би-Си тврди дека тогаш му било речено оти ќе биде „тргнат“ од програмата ако направи уште еден инцидент.

Лондонските медиуми откриваат низа такви случаи со невкусни коментари, навреди или грубости од страна на Кларкосн кон локалните состојби и населението во Индија, Мексико и низ Азија. Минатата година тој и другите двајца водители побегнаа од Аргентина, тврдејќи дека биле прогонувани и дека за малку ќе биле натепани од „толпа диви“ Аргентинци, што тамошните власти го демантираа и бараа јавно извинување.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска