На крајот на една урбана населба во Белгија, изградена е триаголната интриганта куќа „Моеркеншејде“, која соседите и минувачите ги остава без здив.
Куќата се состои од три симетрични коцки поставени околу рамностран триаголник и зафаќа вкупна површина од 306 метри квадратни. Околу куќата има три градини, кои се адаптирани за три разлчини делови од денот – утрото, пладнето и вечерта.
Со фасадата од тули., оваа храбра и убава геометрсика вила е вистинска модерна куќа од бајките. За тоа придонесуваат и полукружните прозорци во призмејето, прекрасната дрвена столарија и правоаголните прозорци на катот, кои куќата ја прават светла, елегантна и софистицирана.
Внатрешност на куќата е функционална и удобна, што се должи на модерната архитектура и уникатниот начин на изразување обезбеден со употребата на природни матријали и живи бои.
Три слепи ѕидови во внатрешноста на отворениот простор во призмејто водат до трпезаријата, просторијата за дневен престој и работната соба.
Вајарските спирални скали водат до катот каде се смесетни трите спални соби, кои од ходникот се одвоени со големи бели ормани, што го истакнуваат контарстот меѓу призмејето и катот.