Велика Британија може да се соочи со нов бран имигранти откако Германија објави дека е подготвена да дозволи влез на Бугарија и Романија влез во зоната ослободена од пасошка контрола, објави Дејли експрес.
Двете држави се пред членство во Шенген-зоната се вели во написот.
Весникот го цитира германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер кој вели: Подготвени сме да почнеме процес на дискусии. Ситуацијата со безбедноста се промени, но ние ќе продолжиме со работата со цел државите што не се членки на Шенген да ги исполнат барањата за членство.
Дејли експрес го цитира и пратеникот од Партијата за независност на Обединетото кралство Џерард Батон: – Изгледа несоодветно Германците да сметаат оти Романците и Бугарите веќе може да патуваат слободно во Европа. Единствените луѓе кои имаат полза од тоа се оние кои не може да се движат законски во ЕУ. Тоа покажува колку Германците сакаат целосно интегрирана држава без граници и на обединетите европски држави.
Шенгенскиот договор има воведено контрола за луѓе кои влегуваат и излегуваат од таа зона, но таква контрола нема во блокот. Тој е потпишан од 26 држави, од кои 22 се членки на ЕУ. Британија не го потпишала тој договор.