СДСМ објави снимка за која вели дека е помеѓу министерот Миле Јанакиевски и заменик министерот Спиро Ристовски, помеѓу министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска и помеѓу Цветко Грозданов и Миле Јанакиевски, од кои, вели СДСМ, се гледа како се злоупотребувале и факултетите и се уценувале вработени од МВР за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
МЈ: Една консултација.
МЈ: Имам извадено по факултетиве кои се вработени а живеат во општински комитет Центар, во општина Центар
СР: Добро
МЈ: Не знам, педагошки факултет, правен факултет ваков факултет, некој од кај тебе да си ги викне еден по еден?
СР: Колку луѓе се?
МЈ: Па не се многу 50-60 луѓе се…
СР: Колку? МЈ: 50-60 СР: Добро ај прати ми ги пошо денеска ја сум у… сега сум У Охрид утре сум у Битола цел ден..
МЈ: Не бе брат некој од кај тебе од кабинет да ги викне
СР: Добро на Наташа Јаневска сеа ќе даам
МЈ: Добро ајде
СР: A како ќе ми ги пратиш тие? МЈ: На Наташа ќе и ги дам шо има тебе да те… СР: Добро ајде.
Разговор меѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска
ГЈ: Ало?
ЗС: Горде?
ГЈ: Кажи.
ЗС: Ти пуштив еден смс сега, со три имиња, на вработени во МВР кои што, од сите вработени што ги имаме од Ѓорче Петров, сите се одѕваа на барањето по пет души да предложат за список. Овие едниве дадоа тројца, едниов ич не даде никого.
ГЈ: Добро.
ЗС: Би те замолил да задолжиш некого да им се јави и да им каже дека тие се вработени у МВР преку ВМРО-ДПМНЕ.
ГЈ: А има контакт од некој? Од нив имате контакт?
ЗС: Па сега немам ама може да најдам, име и презиме имам тоа да ти пуштам.
Разговор помеѓу Цветко Грозданов и Миле Јанакиевски
ЦГ: Министер, не можиме цел ден да се слушниме. Ти ме бараш, јас те барам, ти ме бараш, никако да се чуиме.
МЈ: Цветко.
ЦГ: Повели.
МЈ: Не знам дали ти кажав, дај вработениве што живеат во Центар да ти дадат х3 неопределени.
ЦГ: Како!? Не те разбрав.
МЈ: Вработениве што ти се во ПУИК…
ЦГ: Да.
МЈ: Што живеат во Центар…
ЦГ: Да.
МЈ: Тие, и да ти дадат х3х5 на список. И да определиш двајца-тројца координатори што ќе ги терат на гласање.
ЦГ: Никој не ми рекол до сега, прв пат слушам.
МЈ: Е па еве ти кажувам, за утре да го средиш.
ЦГ: Ајде, утре ќе го средам…
МЈ: Викни ги сите вработени и еден по еден да ти даваат најблиската фамилија дека ќе излезе да гласа.
ЦГ: Добро, во ред.
МЈ: И двајца координатори, тројца што ќе им се јавуваш и ќе ги терат на гласање.
ЦГ: Добро, ќе ти дадам утре. Ајде.