(ВИДЕО) СДСМ: И од Т-мобиле закани за отпуштања ако не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ објави снимка за која вели дека е помеѓу министерот Миле Јанакиевски и Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-мобиле Македонија.

Од разговорот, вели СДСМ се покажува злоупотребата на компаниите за партиски цели. Се уценуваат вработени, дека ако не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат отпуштени од работа.Еве транскрипт од разговорот:

МЈ: Кажи Жарко…
ЖЛ: Па ти пуштив порака за компјутериве од сабајле каде да ги однесат?
МЈ: У Министерство донеси ги
ЖЛ: Кај тебе?
МЈ: Да
ЖЛ: Кого да бараат?
МЈ: Јас сум бе тука
ЖЛ: Добро
МЈ: Жарко шо напраи бе со спискот на вработени во Телеком у пм, многу чекаме
ЖЛ: Како како?
МЈ Ти кажа Сашо шо да праиш со луѓево како?
ЖЛ: Да бе да
МЈ: Ќе го тераш?
ЖЛ: Па го терам уше од прошлата недела, си го терам истово шо го зборевме на јавување луѓе само шо не можам да ги носам ја на овакво… Не можам да дојдам да пратам луѓе… Од секое од нив имаше само од нашите кои се лоцирани и кои се туѓи да се сугерира дека отпуштањето на луѓе ќе бидат отпуштени ако не гласаат сега МЈ: А треба некој да им се јави, излезе не излезе…
ЖЛ: Тоа си ги има и ја и Ирена и Попе и овој Меро..
МЈ: Која Ирена?
ЖЛ: Мишева
МЈ: Остај ја Ирена Мишева со Град Скопје се занимава Ирена, не ја рачунај Ирена
ЖЛ: Ама си е вработена и не е важно Град Скопје она исто ги лоцира луѓето внатре шо се
МЈ: Добро ајде

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски