(ВИДЕО) Шекеринска вети: Од 12 прилози ниту еден нема да биде нарачка!

Од:

На трибината зборуваше и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

– Кога корумпирани и забегани луѓе се плашат од сè, тие го знаат само стравот. Тие, поради тоа, сакаат и да владеат со страв. Затоа лесно им е секој ден да се закануваат. Ове денови повторно излегуваат на телевизија и бараат да им се верува. Дали треба да им се верува на институциите или на „медрано-циркусот“? Ова се луѓе кои не им веруваат на своите и на својата држава. Вистината за Македонија излезе на виделина. Вистината ги шокираше сите луѓе, но, во исто време, и нè ослободи од лажната надеж дека оние таму, горе, знаат што прават. И најважно, нè ослободи од лажното очекување дека злото само ќе замине. Знаме дека ова зло само нема да замине. Македонија треба да им покаже врата на корумпираните. Сакам да испратиме уште една порака: дека ја водиме оваа битка за сето тоа да престане. За власта повторно да стане одговорност. Не бараме поддршка за еден Сашо и еден Никола да се сменат со други. Ја водиме битката за министерствата да не бидат партиски штабови. За слободно да се зборува – рече Шекеринска.

Таа ги повика граѓаните да им се придружат во ширењето на вистината.

– Ветуваме дека од 12 прилози на вести, ниту еден нема да биде нарачан. Ја водиме оваа битка за Македонија да стане држава во која правото ќе владее. Целосно ќе го измениме законот за следење на комуникации. Новиот закон ќе обезбеди контрола на граѓаните, а не на власта. Македонија е похрабра отколку што тие мислат. Македонија е помудра отколку што се надевале. Обединети сме и во срце и во мисла и во разум. Обединети сме без разлика на партиските книшки. Обединети сме со една цел, да не дозволиме ова зло никогаш повеќе да ѝ се случи на Македонија – рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“