Костовски: Негативата од 12 поени не е недостижна

Од:

Македонскиот репрезентативец Александар Костовски смета дека негативата од 12 поени во дуелот со Рилски спортист не е ненадоместлива.

Костовски реализира 33 поени против Рилски спортист во првиот четвртфинален меч од регионалната кошаркарска БИБЛ лига, но тоа не му помогна на Куманово да избегне пораз со 97:85.

– На крајот може да бидеме и задоволни што загубивме само со 12 поени разлика. Оваа негатива може да ја анулираме на реваншот во Куманово, каде очекувам поддршка од 5.000 навивачи. Убеден сум дека патникот во полуфиналето ќе биде решен во реванш натпреварот’’, изјави Костовски по мечот одигран вечерва во Самоков.

Куманово одигра лошо прво полувреме во одбраната, а како резултат на таквата игра се и примените 62 поени.

– Одбраната не беше на посакуваното ниво. Напротив. Недозволиво е противникот толку лесно да поентира. 36 примени кошеви во првата и 26 во втората четвртина, се премногу за екипа која претендира да игра на високо ниво. Тоа е првото нешто што треба да го коригираме, доколку сакаме да се пласираме во полуфиналето, дополни Костовски.

Доколку Куманово сака да му се приклучи на Кожув во полуфиналето, ќе мора да го добие реванш натпреварот со најмалку 13 поени разлика и тоа пред својата публика на 11 март.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос