Бројот на внатрешно раселени лица поради конфликтот во Украина достигна до 1,1 милион, додека вкупниот број на Украинци кои бараат азил, државјанство или некоја друга форма на престој во соседните земји изнесува 674.3000 луѓе, објави денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.
Во таа бројка вклучени се и 542.000 луѓе од Украина во Русија и 80.7000 во Белорусија.
УНХЦР изразува загриженост и поради влошувањето на хуманитарната ситуација во Источна Украина.
– Условите во Доњецк и во Луганск се посебно лоши, каде снабдувањето со вода и со електрична енергија често е прекинато поради гранатирањето и ракетните напади, изјави портпаролот на УНХЦР Вилијам Спиндлер.