Архитектот Ендрју Франц поранешен магацин за кавијар го претвори во спектакуларно поткровје.
Зградата е изградена во 1884 година на Менхетен во Њујорк. Архитектот го трансформира горниот кат и покрив на магацинот во современ дом.
Реновираниот станбен простор се простира на 278 метри квадратни. И покрај индустриското чувство, сите соби се живи и оригинални.
На меѓукатот има „сад“ со стаклен покрив, кој е зелена градина.
Визуелниот дијалог помеѓу индустриските елементи ја менува целта на градежниот материјал, а модерниот мебел придонесува за динамичен амбиент.