Ахмети: СДСМ треба да внимава

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во одговорот во репликата кон Андреј Петров од СДСМ, предупреди дека сите релевантни фактори особено треба да внимаваат на меѓуетничките односи.

„Македонија е на сите нас, ова е нашата земја. Бидете внимателни со меѓуетничките односи зашто имаме голема одговорност пред граѓаните и идните генерации. Водете сметка, сите треба да водиме сметка за меѓуетничките односи“, нагласи Ахмети.

„СДСМ уште еднаш потврди дека нема намера да го смени курсот, останува на ставот што уште пред 10 години го кажа Бранко Црвенковски во своето тогашно експозе, кога рече дека шест години бил премиер, но не и на Албанците и на другите што живеат во Македонија“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата дискусија по интерпелацијата на Владата.

Петров одговори дека оваа реплика Ахмети ја упатил на погрешна адреса и дека СДСМ отсекогаш се залагал за почитување на законите и никогаш не ги подгрева меѓуетничките односи.

Би можело да ве интересира

Не помина интерпелацијата за Африм Гаши

Интерпелацијата е чисто политички мотивирана и самиот текст е преполн со исламофобијата и албанофобија, тврди Гаши

Интерпелацијата на собранискиот спикер денеска на пленарна седница

Горан Наумовски

Гаши: Интерпелацијата против мене не е политички издржана, ќе биде прва на дневен ред

„Јовески мора да одговори зошто ги криел фактите за модуларната болница“: Поднесена интерпелација за Јавниот обвинител

A1on

Џафери: Извини брат, јас ќе поднесам лични навреди, но да се погледнат во огледало и оние што ме обвинуваат

A1on