Мануел Валс стравува дека Националниот Фронт ќе ја доведе Франција до пропаст

Од:

Мануел Валс, тврди дека ќе остане на функцијата премиер без разлика на резултатот на департманските избори кон крајот на март. Притоа тој го изрази своето стравување, наспроти испитувањата на јавното мислење кои му ветуваат високи резултати на крајно десничарскиот Национален Фронт (НФ), а според Валс, НФ е способен да победи, на претседателските во 2017 година, јавува дописникот на МИА од Париз.

Премиерот во вчерашното интервју за И-Теле, Еуроп1 и Монд рече дека НФ ќе ја доведе Франција до “пропаст”.

– Јас не се плашам за себеси, рече Валс. – Се плашам за мојата земја, јас се плашам дека таа може да се растури наспроти Националниот фронт, рече тој повикувајќи на мобилизација на гласачите.

“Мојата анксиозност е поради стравот за мојата земја. Ова е НФ со 30 отсто гласови, не на вториот круг, туку во првиот круг на департманските избори”, објасни тој.

Валс потсети дека партијата на крајната десница “веќе беше најголемата партија во Франција на европските избори и тоа може да се случи повторно за департманските избори “.

Според сите анкети објавени во последниве недели, НФ е рамо до рамо со умерената десница со УМП-УДИ, односно неколку поени пред СП.

– НФ не носи никакво решение ниту за департманите, ниту за државата (…) и над сето тоа, со својата програма НФ ги спротиставува Французите едни против други, нагласи тој.

“Не мислите ли дека Националниот фронт кој доби 25 отсто гласови на европските избори, можеби 30 отсто на департмаските, и така натаму, не може да победи на претседателските избори? Не во 2022 година, не во 2029 година, туку во 2017 година “, предупреди Валс.

Претседателот на Франција простум, Никола Дипон-Ењан за Радио Ж ги нарече “екстравагантни” изјавите на премиерот дека “се претерува” со опасноста од НФ. Според Ењан, Валс е одговрен со својата политика за подемот на партијата на Марин Ле Пен.

Запрашан дали ќе остане на функцијата премиер и понатаму во случај на неуспех на депртаманските избори, една година по неговото назначување за премиер , Мануел Валс одговори кетегроично: “Без сомневање”.

НФ веднаш излезе со жестоки критики велејќи дека Валс во изборната кампања ја става како својата премиерска функција на департманските избори.

– Толку нагласената и лична импликација на Мануел Валс во кампањата за департманските избори, до точка да заборави на својата главна обврска на шеф на владата задолжен за политиката на Франција, не може да биде без последици за неговата политичка иднина” – вели ФН во соопштението.

Доста критичен по обичај наспроти Никола Саркози, претседателот на владата се откажа одновите напади напади кон УМП.

Премиерот ја бранеше економската политика на владата, велејќи дека “е подобро”, повикувајќи се особено на подобрување на моралот на домаќинства и претпријатијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата