МЗТ засилен со Чапин му гостува на Левски

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 18 часот гостува во Софија кај Левски. Ова е дуел од 24.коло на АБА лига.

МЗТ засилен со Александар Чапин на бековските позиции, ќе се обиде да ја прекине серијата од шест порази по ред во регионалното натпреварување.

Токму од Чапин се очекува да има важна улога во организацијата на тимската игра, а последно пласираниот тим на табелата е убава можност за „аеродромци“ да се вратат на победничките патеки.

Веднаш по денешната средба, до крајот на оваа седмица МЗТ го очекуваат нови две тешки средби, против Кожув во четврток во домашното првенство и против Цибона наредниот викенд.

Во редовите на бугарскиот шампион настапува македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски.

На првиот меѓусебен дуел помеѓу МЗТ и Левски игран во Скопје, МЗТ победи со 72:61 со голем пресврт во последната четвртина која ја доби со 31:7.

Македонскиот првак во пресрет на овој натпревар е претпоследен на табелата со 6 победи во 23 натпревари. Левски е на дното со само еден триумф досега.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос