Познати се пет репрезентации кои успешно ја минаа првата пречка во Дејвис купот, а единствено Србија оствари максимална победа од 5:0 над Хрватска. Новак Ѓоковиќ беше предводник на победата на Србија на мечот што се играше во Краљево.
За другите мечеви карактеристично е тоа што завршија со резултат 3:2.
Франција ја совлада Германија, а Велика Британија беше поуспешна од САД. Австралија ја елиминира Чешка, додека Казахстан оствари триумф над Италија.
Бранителот на трофејот Швајцарија игра против Белгија, а резултатот е 2:2 и последниот меч ќе го реши победникот. Поради временската разлика подоцна почнуваат мечевите Аргентина – Бразил (2:1 води Бразил по двата дена) и Канада – Јапонија (2:1 за Канада).
Во четвртфиналето ќе играат: Франција – Велика Британија, Австралија – Казахстан, Србија – Аргентина/Бразил и Канада/Јапонија – Белгија/Швајцарија.