ФИБА од следната сезона не ја признава АБА лигата

Од:

Европскиот огранок на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) на 4. редовна седница донесе одлука да го укине признавањето на регионалната АБА лига во која се натпреварува и македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Како причини за ваквата одлука Бордот на ФИБА Европа се наведени неусогласувања на правилата за натпреварувањето со генералниот статут и правилникот на федерацијата.

– Раководството на АБА не ги исполни барањата од ФИБА за усогласувањето на регулативите со тие на Европската федерација, поради што е повлечена одлуката за признавање на ова натпреварување. За да нема проблеми, со оглед на тоа што сезоната е веќе во тек, повлекувањето на согласноста ќе има ефект од следната сезона, стои во соопштението на ФИБА-Европа.

Во случај да продолжи да функционира АБА лигата, ФИБА Европа може да донесе одлука за забрана на настап на Европски, Светски првенства и Олимпијади на играчите, како и на судиите кои ќе бидат дел од регионалното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос