Младите социјалдемократи го честитаат 8-ми март, Меѓународниот ден на жената.
„СДММ се заложува за подобри услови на жената во сите сфери од општественото живеење во Македонија, еднакво вреднување на трудот, подобри услови за работа.
Жената е двигател на процесите во секое современо општество во светот.
СДММ ја поздравува храброста, одважноста, решителноста на жените во Македонија кои одлучно определувајки се за слобода, вистина и правда, активно придонесуваат за враќање на достоинствениот живот на сите граѓани во Република Македонија“, велат од СДММ.