Филипинскиот претседател Акино под удар и на своите приврзаници

Од:

Директното мешање на претседателот Бенињо Акино во операцијата против исламските сепаратисти на југот на Филипините од 25 јануари, кога загинаа 44 припадници на специјалната филипинска полиција, и натаму е повод за остри критики и најголемата лична политичка криза што ја доживува Акино.

За грешките направени при преземањето на координацијата во пресметката со исламистичките радикали Акино денеска беше обвинет и од страна на претседателот на филипинскиот Сенат, Франклин Дрилон, кој се смета за еден од петмината највлијателни личности на Либералната партија, на чие чело е претседателот Акино.

Дрилон го обвинува Акино дека сам се довел во заблуда и издавал погрешни команди врз основа на извештаите на американските податоци што ги добивал за време на пресметката со вооружените исламистички групи. Од базата на американските маринци, стационирана на југот на филипинскиот архипелаг, Акино добивал податоци за локациите и движењето на бунтовниците, но се утврдило дека снимањато со дрон и соопштувањето на нивните резултати до Акино и филипинските командоси стигнувале доцна.

Минатата година Филипините и САД ја обновија воената соработка. Според договорот американската војска стационирана во Пацификот може, речиси неограничено, да ги користи капацитетите на морнаричките бази на Филипините.

Се претпоставува дека дел од филипинскиот армиски врв не е најсреќен од соработката со американската армија, а незадоволството досега најгласно се изразува поради лошата соработка со настаните од јануари и досега најбројната човечка загуба на филипинските командоси во една борба.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски