Поплави во Битолско, Прилепско и Преспа

Од:

Врнежите од дожд и топењето на снегот предизвикаа поплави во Битолско, Прилепско, преспанскиот регион и Демир Хисар.

Според информации од Центарот за управување со кризи во утринските часови се излеа Голема Река кај селата Горна и Долна Бела Црква и Езерани во Ресенско при што поплави земјоделско земјиште, неколку куќи и плевни.

Поплавени се и околу 800 до 1000 хектари земјоделска површина во Битолско и Прилепско. На Црна Рекаод дождот  е зголемен водостојот за 108 сантиметри кај Новаци. Поплавени се површини во атарите на Лознани, Вашарејца, Ношпал, Могила во Битолско и во Тополчани во општина Прилеп.

Поплавен е и коловозот од Могила до Радобор поради што е затворен и за сообраќај.

Црна Река е излеана и во општина Демир Хисар кај мостот за селото Бабино поради паднати дрвја во речното корито.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили