Охрид и натаму го распродава државното земјиште

Од:

Општина Охрид продолжува со отуѓување на државното земјиште. Откако неодамна ја продаде една од најатрактивните локации, во близина на населбата Канео, од вчера на продажба го стави земјиштето каде требаше да никне современа меѓуградска автобуска станица.

Почетната цена на електронското јавно наддавање  за градежната парцела изнесува 3.170 денари. Градежната парцела има површина од 11.997 метри квадратни од кои 10.252 метри квадратни се предвидени за градење.

avtobuska-1

Според јавната објава, ова земјиште е со намена за изградба на комунална супраструктура – автобуски терминал со компитабилни класи на намени.

Иако градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во изборната кампања вети дека една од првите задачи ќе била изградба на модерна и современа автобуска станица, охриѓани и по две години од неговото владеење не видоа никаков објект на тоа место.

И по половина од мандатот на Бакрачески, автобуската станица е во катастрофална состојба за која говореше тој во изборната кампања. Таа и денес претставува, како што говореше Бакрачески, јавна површина со калливи премини и дупки како на крај на светот.

avtobuska-katastar

Ниту моделот на јавно – приватно партнерство не беше доволен па локалната власт на ВМРО – ДПМНЕ тргна кон „раскрчмување“ на државното земјиште.

Постапката за продажба на земјиштето каде власта требаше да изгради модерна автобуска станица започна во октомври минатата година кога мнозинството на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид  ја изгласа одлуката за отуѓување на државното земјиште.

avtobuska-oglas

Во охридската јавност се зголеми сомнежот дека воопшто ќе се изгради автобуската станица особено откако земјиштето сега ќе се продаде на приватен сопственик.

Времето ќе покаже кои биле интересите на ваквото распродавање на земјиштето во сопственост на државата и зошто власта се одлучила на ваков потег. Едно е јасно, Охрид како голем туристички центар и натаму е без соодветна автобуска станица.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски