За достоен живот во Франција на едно лице му се потребни 1424 евра месечно

Од:

Буџет, што дозволува достоен живот во Франција во среден по големина град, изнесува 1424 евра месечно за едно лице и 3284 евра за брачна двојка со две деца, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Тие податоци произлегуваат од студијата на Националната канцеларија за борба со сиромаштијата (ОНПЕС) објавена денеска.

Студијата е втемелена на тригодишно испитување, кое имаше за цел да се направи проценка на „референтниот буџет“ кој е потребен за „ефективно учество во социјалниот /општетсвениот живот’.

Бројките кои ги изработија експертите на ОНПЕС се однесуваат на два средни француски градови Троја и Дижон.

Со сите овие параметри, за еден достоен живот во Франција за едно активно лица кое живее само во општествен стано потребен му е буџет од 1424 евра месечно, а ако изнајмува стан кај приватник тогаш му се потребни 1571 евра. За брачна двојка со две деца буџетот во општетсвен стан изнесува 3284 евра, а во приватен 3515 евра месечно.

За самохрани родители со две деца буџетот со сместување во општествен стан изнесува 2599 евра, додека во приватен стан 2830 евра.

За брачен пар на пензионери буџетот за достеоен живот во Франција изнесува 2187 евра ако се сместени во општествен стан, 2437 во приватен, додека за брачните двојки на активните но без деца изнесува 1985 евра во општествен стан, и 2133 во приватен.

Студијата околу потребниот буџет дозволи да се добие и подобра претстава за финансиската ситуација на семејствата.

Така, според студијата, самохраните родители се сметаат за сиромашни – дури 55 отсто од нив, додека 40 отсто немаат доволно средства за да живеат достојно. Вкупно 14 отсто од пензиониерите во Франција се сиромашни, а 45 отсто се со ризици да се ограничуваат во животот.

Во слична ситуација кај активните брачни парови се наоѓаат само 12 отсто, 5 отсто се под прагот на ситомаштијата, 7 отсто од нив се наведени да се откажат од некои услуги и добра кои се сметаат потребни за достоен живот. Тоа е категоријата која има најмалку проблеми во Франција.

Кај брачните двојки со две деца, 12 отсто живеат под прагот на сиромаштијата, а 24 отсто мораат да си наметнат ограничувања.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата