Лидерот на СДСМ објави снимки за кои посочи дека се разговори помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски за изборите во Центар и како премиерот бара да има неважечки ливчиња за да се одржи и втор круг.
– Колку ни требаат неважеки за втор круг?
-Јас слушнав дека над 1000 ќе не тепаат во Центар. Да прават неважечки, абер вика Сашо да се прати.
– Кажано им е, кажано, и да има забелешки во записници. За следниот разговор Заев посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески за изборите во Куманово, за одржување на втор круг.
– Десет ќе поништеме места, и да се фатат Албанците за врат никој да не излезе во втор круг на гласање.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник
НН: Значи вака сеа, претседател во Центар е еден морон што работи во генерален секретаријат, значи работи во одделение, значи во генерален секретаријат во одделението на Суле, така да може него да го притиснеме и фактички од избирачкиот материјал да го извади избирачкиот список кадешто е заокружувано кој гласал кој не гласал да си го фотокопираме па да му го вратиме..
МЈ: Кај работи?
НН: Во генерален секретаријат..
МЈ: Како се вика?
НН: Да Коста се вика презимето не му го знам точно меѓутоа работи кај Кире а шеф му мислам овој Суле..
МЈ: Суле?
НН: Да Суле, Суле.
МЈ: Важи, ај ќе зборам.
НН: Ајде.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Да.
МЈ: 51 избирачко место обработено. Губиме за 580 разлика
НГ: Што мислиш ќе има втор круг?
МЈ: Сега ги собирам претседателе неважечкиве има доста неважечки секогаш биле над илјада ако продолжиме ваков тренд мислам дека втор круг ќе одиме..
НГ: Ема колку има доста? Колку е тоа доста?
МЈ: Меѓу 1000-1500 имало по избориве, а има сега во просек по 20 по 30 по избирачко место, така да треба да има околу 700-800 неважечки.. тука ќе биде бројката
НГ: А колку ни требаат на нас за да има втор круг?
МЈ: Разликата што ќе биди помеѓу СДСМ и ВМРО треба да биди пониска од неважечките
НГ: Ама еве го слушам Сашо, он некоја проценка праи дека над 1000 ќе не тепаат у Центар… Могуче ли е тоа?
МЈ: Водно ги изброиле Коце (ама со премиерот зборам), Коце во двете има победено во Водно а тие се големи, 140 таму Коце победил…
НГ: А нашиов овој?
МЈ: Епа сеа го бројат Тодоровиќ, прво Коце го зеле, Советот за Град Скопје и Коце..
НГ: Ама не е истото, не е истото.
МЈ: Знам.
НГ: Да.
МЈ: Тука ќе биде, 100 плус минус…
НГ: Знае да биде тоа, да пуштиш таму на нашиве што поише неважечки да праат… ало.
МЈ: Да да ве слушам.
НГ: Викам да си пуштел Сашо вика абер до нашиве таму кај шо може да искрснат неважечки да …
МЈ: Кажано му е, кажано му е, од сабајле му е кажано…
НГ: И записници такви работи за после да може да..
МЈ: Да да има забелешки..
НГ: Да се судиме…
МЈ: Да да
НГ: Ајде.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески
МЈ: Како е?
ГЈ: Куманово ако имаме начин да договориме со ДУИ мислам дека има шанси да го земеме, оти не се многу гласови..
МЈ: Како?
ГЈ: Таму се 88 илјади гласачи запишани, а 1700 гласа губиме.
МЈ: А епа како мислиш? Да поништуваме?
ГЈ: Епа така да поништиме на пример.
МЈ: А има основ?
ГЈ: Па ее основ колку шо имаше за Струмица, 10 ќе поништиме избирачки места и да се фатат за врат албанците никој да не излезе…
МЈ: Добро, ајде.
ГЈ: И така, добро ајде.