Нова радикална исламистичка група на Филипините

Од:

Филипинската армија денеска соопшти дека ќе преземе сериозна операција за уништување на ново појавената радикална исламистичка група која се јави како Исламистичко Движење за Правда. Основач на новата група е Мохамед Али Томбако, еден од тројцата најбарани терористи во овој дел на Азија.

Идеолог на групата ќе бил еден од водачите на движењето Абу Сајаф, филипинско-малезиско крило на Ал Каеда, Бусит Усман кој успеал да се спаси во борбите од 25 фебруари, кога беше ликвидиран бомбашот Зулфикир бин Хир, но загинаа и 44 припадници на специјалната полиција.

Најголем дел од припадниците на новата група се регрутирани од екстремното крило на МОРО муслиманското движење, чие раководство е во завршна фаза на преговорите за мир и широка автономија за јужниот дел на филипинскиот архипелаг во кој муслиманите се доминантно население. Околу 5.000 борци под оружје, кои речиси половина век се борат против централните власти во Манила, од лани го одложија оружјето во очекување на конечниот договор за мир.

Првиот проглас на новата група беше дека ќе ги уништи филипиндките војници на југот на архипелагот, а дека „ништо подобро“ нема да поминат американските војници стационирани во овој дел на Азија.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски