Во селото Вилер-ен-Фањ во белгискиот регион Валонија се наоѓа една стара куќа од камен, која е трансформирана во модерен дом во кој е задржан основниот рустикален карактер.
Куќата има кос покрив и со својата надворешност целосно се вклопува во околниот амбиент.
Употребата на големите прозорци од подот до таванот овозможува влез на многу светлина во внатрешноста на куќата, што создава чувство како да се наоѓате на отворено.
Инспиративниот ентериер во куќата се карактеризира со едноставност и со рустикален амбиент. Балансот во куќата, која е со површина од 240 метри квадратни, е постигната со употребата на камен и дрво.
Топлите тонови на дрвото придонесуваат за ублажување на крутото визуелно влијание на камените ѕидови.
Оваа величествена куќа е соврешено место за одмор далеку од бучните градови.